Интересот на инвеститорите за градење во јули опаднал во споредба со претходните месеци. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули биле издадени 230 одобренија за градење, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со истиот месец лани. Од сите издадени одобренија за градење, најголемиот дел, односно 77,8 отсто, се однесувале на висококатници. Околу 15 отсто биле за реконструкција, а мал дел или 7,4 отсто за нискоградба. Во 80 отсто од издадените одобренија како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај другите градби - правни лица. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува околу 1.6 милијарда денари, што е за 10,4 отсто помалку во споредба со ланскиот јули. Предвидена е изградба на 410 стана, со вкупна корисна површина од 37.900 квадратни метри.
Интересот на инвеститорите за градење во јули опаднал во споредба со претходните месеци.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули биле издадени 230 одобренија за градење, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со истиот месец лани.
Од сите издадени одобренија за градење, најголемиот дел, односно 77,8 отсто, се однесувале на висококатници. Околу 15 отсто биле за реконструкција, а мал дел или 7,4 отсто за нискоградба.
Во 80 отсто од издадените одобренија како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај другите градби - правни лица.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува околу 1.6 милијарда денари, што е за 10,4 отсто помалку во споредба со ланскиот јули.
Предвидена е изградба на 410 стана, со вкупна корисна површина од 37.900 квадратни метри.